За ова јадење потребни се: 700 грама пилешки гради, 170 грама моцарела сирење, една лажичка зачини за пилешко, домати, сол, масло. 
Пилешките гради прво се посолуваат, се зачинуваат и кратко се пржат на масло. Потоа се ставаат во тава, одозгора се редат парчињата сирење, доматите исецкани на тркалца и се додава босилек.
Печете десет минути во рерна загреана на 180 степени. Како прилог може да се сервира ориз или печени компири.