Авион Airbus на компанијата Emirates Airlines е снимен како слетува со големи проблеми на пистата во Дизелдорф, Германија, подрачје кое вчера беше зафатено од големо невреме.

Иако слета релативно мирно, пилотот се намачи да одржи правец на пистата, а ветрот го вртеше авионот лево-десно. Во авионот имало 500 патници.
Видеото го снимил набљудувач на авиони Мартин Богдан кој го постави видеото на YouTube. За среќа пилотот успеа да го задржи авионот на пистата и да го совлада ветрот. Никој од патниците не е повреден.
Северна Германија е на удар на бурата Ксавиер која донесе ветрови со јачина на ураган и до сега усмрти седум лица. Бурата нанаесе големи штети, а железничкиот сообраќај е откажан во оголемиот дел од земјата.