Пилотот на кралското семејство на Велика Британија ја напуштил работата, бидејќи не сакал да прави редовни летови за да ѝ го носи појадокот на војвотката на Сасекс, пренесе извор пред Radar Online.
Пилотот веќе неколку години работи за кралското семејство, но уморен е од постојаните летови за Маркел. Изворот додаде во публикацијата дека пилотот бил третиран како “летечка испорака за храна”.
Во моментов му бараат заменик и според пораката за оглас на работата, објавена во одделот “Кралско семејство”, платата е 105 илјади долари годишно.
Од човекот кој ќе ја заземе должноста се бараат следниве вештини: Планирање и извршување на летови на кралскиот хеликоптер, настапи на кралски семејни задачи и други административни задачи.
Пилоток кој даде отказ е четвртиот член на кралската послуга кој го напуштил кралскиот двор поради сложениот карактер на Меган Маркел. Меѓу вработените кои се откажуваат од работа е Саманта Коен, која ѝ помогна на Меган во нејзините први чекори како свршеница, а подоцна и како сопруга на принцот Хари. Коен отслужи 17 години во палатата, но одлучи да замине по раѓањето на бебето. Друг вработен не ја преживеа тензијата и барањата на поранешната актерка, а исто така и ја напушти функцијата.
По свадбата, Хари посебно им наложи на вработените да прават што сака Меган. Сепак, неговата баба е незадоволна од екстравагантното однесување на новиот член на кралското семејство и има многу различен поглед на воспитувањето на бебето кое го чека. Во април британската кралица Елизабета II ѝ забрани на Меган да носи накит од својата колекција.