Пинк конечно доби ѕвезда на холивудската патека на славните

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Поп-пејачката Пинк беше почестена со ѕвезда на Холивудската патека на славните. На собраните фанови, таа им рече дека го чувствува тоа што се случува како да е “нереално”. “Се чувствувам како да сонувам, и ако некој ме штипне, јас ќе го удрам”, рече на церемонијата, на која беше опкружена со нејзиниот сопруг и нивните две деца.

“Знам дека многу луѓе мислеа дека единствената работа што можев да ја направам е Алејата на срамот, но тука сум”, додаде уште 39-годишната пејачка. Пинк, чие име од раѓање е Алисија Мур, му оддаде почит на нејзиниот татко, кој, според нејзините зборови, ја охрабрил да ги следи нејзините соништа.

“Денес прославувам нешто што татко ми ме научи, а тоа е да бидам верна на себеси”, рече пејачката.

“Имај моќ да веруваш во себе, имај моќ да не подлегнеш на животот и да не се предадеш”, додаде Алисија.

Од почетокот на нејзината кариера, Пинк е номинирана за Греми наградата 20 пати и освои три награди. Од своето деби во 2000 година, 39-годишната пејачка издаде седум студиски албуми и продаде повеќе од 50 милиони копии.