Пинк позираше потполно гола и ги полуде фановите! (ФОТО)

од Nikola Popovski
843 прегледи

Една од најпопуларните американски пејачки изненади со фотографии.  Пинк на американската музичка сцена е присутна повеќе од 20 години, а таа е една од ретките што немала ниту еден скандал за толку долг период, иако отсекогаш важела за контроверзна пејачка.

Сепак, таа отсекогаш интригирала со својот изглед и стил, а сега ги изненади своите следбеници и фанови со необични фотографии.

Имено, Пинк објави две фотографии – на првата се сонча во полупроѕирен горен дел од бикини со принт од банана, а на втората потполно гола позирала под туш и го покажала своето завидно тело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by P!NK (@pink)

Под фотографиите се редат се повеќе комплименти. Многумина истакнуваат дека таа изгледа одлично и покрај нејзините 43 години.

Пинк, инаку, е позната по тоа што е љубител на здрав начин на живот и фитнес, па не е изненадување што изгледа неверојатно.

Слични содржини