Обожавател ја фрли пепелта на својата мајка кон Пинк среде настап (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата пејачка Пинк неодамна доживеа непријатност на својот настап. Имено додека таа пеела, во еден момент на бината долетала кеса со пепел.

Пејачката се наведна и ја подигнала, а потоа ѝ се обратила на личноста од публиката која ја фрлила кесата.

„Ова е твојата мајка? Не знам како да се чувствувам во врска со ова“, изјави збунетата Пинк, откривајќи дека некој на бината ја фрлил пепелта на својата мајка.

Видеото од моментот набрзо стана вирално, а многумина го нарекоа еден од „најбизарните потези досега“.

Дали се работи за нечија несоодветна шега или навистина морбиден потег на некој обожавател, останува да видиме.

Слични содржини