📽️Пинк прекина концерт поради жена која почнала да се пораѓа

од Nikola Popovski

Американската пејачка Пинк го прекинала својот концерт поради жена од публиката која почнала да се пораѓа. Пинк моментално е на турнеја во Австралија, а се чини дека овој настап ќе остане за паметење.

Додека ја изведувала песната „Our Song“, пејачката забележала дека медицинските лица однеле обожавателка од публиката, а потоа му порачала на бендот да престане да свири.

„Чекај, некој ќе добие бебе?“ извикала таа откако дознала дека една жена од публиката има контракции.

Потоа се пошегувала и прашала: „Дали ќе се вика Алиша или Алекс?“, алудирајќи на нејзиното вистинско име, а тоа е Алиша Бет Мур.

На крајот ѝ посакала среќа на трудницата и го продолжила концертот.

„Ова е многу возбудливо. Не знам што да кажам. Сепак, мора да продолжиме да пееме. Среќно со породувањето, ќе помине одлично“, рекла Пинк.

Слични содржини