Пиоли го презема Ал-Итихад

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Поранешниот тренер на Милан, Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на саудиски Ал-Итихад, објави италијанскиот печат. 58-годишниот стручњак ќе потпише на три години со саудискиот клуб, кој смета дека Италијанецот е најсоодветен избор.

Пиоли за прв пат во кариерата ќе води тим надвор од Европа, а претходно раководеше со повеќе од десет италијански екипи, меѓу кои Интер, Болоња, Фиорентина и Лацио.

Вчера Ал-Итихад се раздели со аргентинскиот тренер Марсело Гаљардо, кој издржа само осум месеци на функцијата. Тој го презеде тимот во ноември минатата година кога го замени Португалецот Нуно Еспирито Санто.

Под водство на Гаљардо, Ал-Итихад не успеа да направи значителен напредок во перформансите и домашното првенство го заврши на петтото место и покрај присуството на играчи како Карим Бензема, Н’Голо Канте, Фабињо и Жота.

Слични содржини