Пиоли по ремито со Аталанта: Ми се допадна како игравме против многу квалитетен противник

од Vladimir Zorba
254 прегледи

Милан се избори за бод на гостувањето кај Аталанта (1:1), а тренерот на тимот Стефано Пиоли ремито го дефинира како заслужен резултат. Тој исто така истакна дека Аталанта е веќе различен тим во однос на претходните сезони.

„Задоволен сум што не му дозволивме на противникот да создаде многу шанси пред нашиот гол. Аталанта веќе не е толку напаѓачки тим, тие често остануваат во својата половина. Затоа моравме да бидеме трпеливи за да ја пробиеме нивната одбрана“, изјави Пиоли.

„Имам многу добри напаѓачи и сите тие мора да играат за да бидат фит. Го ставив Де Кетеларе како „треквариста“ и добро се снајде. Сепак, му треба повеќе време да се навикне на соиграчите, а тие на него“, сподели Пиоли.

„Бевме блиску до победа, но пропуштивме неколку чисти шанси. Генерално, ми се допадна како игравме против многу квалитетен противник“, додаде тренерот на „росонерите“.

Слични содржини