Полнетите пиперки се едно од нашите омиле јадења, но еве еден рецепт, кој се разликува од традиционалниот.

Состојки:
8 бабури
125 г путер
2 чешниња лук
босилек
сладок пипер
1 лажичка сол
750 г сварени компири
250 г рендан кашкавал
Приготвување:
Внимателно отсечете го врвот од пиперките и исчистете ги семките. Ставете ги во зовриена вода на 3 минути, извадете ги и исцедете ги.
Загрејте 80 г путер и додадете го лукот, пиперот, сол, босилек. Помешајте и тргнете од оган.
Измешајте ги згмечените варени компири, 3/4 од ренданиот кашкавал и зачинетиот путер и мешајте додека смесата не стане компактна.
Наполнете ги пиперките а остатокот од кашкавалот ставете го врз пиперките и ставете ги во намрсена чинија за печење и премачкајте со остатокот од путерот.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути.