Поранешниот фудбалер на Јувентус, Андреа Пирло верува дека на тимот му треба промена во
средниот ред, за да ја освои Лигата на Шампионите, која продолжува да се измолкнува на
италијанскиот гигант. Тој дури и посочи конкретен играч за таа цел.

„На Јуве му треба Иско. Полудефанзивата е линијата, каде Јуве треба да се зајакне. Можеби
тренерот Масимилијано Алегри веќе го почувствува ова. Кристијано Роналдо дојде, но тренерот не
знаеше како да обезбеди доволно пасови кон него. За успех во ЛШ ви требаат халфови“, изјави
Пирло пред „Sky Sport Italia“.
И оваа сезона Иско не се радуваше на особена доверба во Реал Мадрид и евентуална негова
продажба нема да биде изненадување.
Пирло има идеја и за иден тренер на Јуве – Маурисио Почетино, кој го нареди Тотенхем меѓу
најсилните клубови.
„Почетино го има потребниот идентитет за ментор на Јувентус. Тој е модерен стратег кој долго
време работел во Европа. И под „модерен“ не станува збор само за стилот на неговиот тим, туку за
сè. Маурисио има многу искуство и во шпанскиот фудбал, се разбира од многу нешта“, додаде
светскиот шампион со Италија од 2006 година.