Пировска: Зошто е потребна да остане вонредната состојба и во исто време да се има митинзи?

од Берта Китинска
356 прегледи

Во вонредна состојба се дозволија верски собири. Таа за мене несфатлива толеранција на државата кон црквата, беше дискриминаторска кон останатите граѓани и еве ефектите од тие погрешни одлуки се гледаат во повторното зголемување на бројките на заболени од Ковид, пишува во својот Фејсбук статус директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска.

Таа прашува зошто е потребна да остане во сила вонредната состојба и во исто време се објавува дека ќе има митинзи и одење од врата до врата?

-Штом се дозволуваат собири, не може да зборуваме за вонредна состојба и не ми кажувајте дека какви било протоколи при такви собири ќе можат да го заштитат јавното здравје! Граѓани се казнуваат заради повреда на полицискиот час со парична казна од 2000 евра но партиски митинзи ќе се дозволуваат! Ризично по здравјето на луѓето и дискриминаторски по однос на граѓаните кои ги почитуваат мерките повеќе од два месеци, пишува Пировска.

Слични содржини