Познатиот актер Пирс Броснан, кој глумеше во мјузиклот „Мама Миа“ од 2008 година, откри дека со нетрпение чека трето продолжение од популарната филмска франшиза. Тој искрено призна дека најмногу стрес му создавало снимањето на претходните филмови, но и дека верува дека сите актери би се согласиле на ново обединување.
„Сакам да го направам тоа и верувам дека сите мои колеги актери би го прифатиле“, изјави Броснан во интервју за британскиот магазин GQ. Актерот додаде дека неодамна гледал документарец за шведската музичка група Аба, чиј хитови ги носат филмовите, и дека песните повторно го трогнале.
Во своето последно интервју за The Hollywood Reporter, Броснан уште еднаш потврди дека има надеж за трето продолжение, но и дека филмот ќе донесе одговор на долго поставуваното прашање – кој е вистинскиот биолошки татко на ликот Софи. Кога беше прашан дали може да открие нешто повеќе, актерот одговори: „Ќе мора да почекате за следниот филм… Знам за кого станува збор, но не сакам да ја расипам забавата“.
Пирс Броснан во првиот и вториот филм ја играше улогата на Сем Кармајкл, еден од трите мажи за кои се шпекулира дека можеби е татко на Софи, кого ја толкува Аманда Сејфрид. Другите двајца се Хари (Колин Ферт) и Бил (Стелан Скарсгард). Минатиот месец, порталот „Дедлајн“ објави дека работата на третото продолжение е во тек, а во улогата се разгледува и поп-ѕвездата Сабрина Карпентер.
Сè уште нема официјални детали кога ќе започне снимањето, но фановите на „Мама Миа“ сигурно со нетрпение го очекуваат новиот дел и одговорите што ќе ги донесе.