На актерот Пирс Броснан му се заканува затворска казна

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Пирс Броснан се соочува со обвинение за прекршок во националниот парк Јелоустоун и наскоро ќе се појави на суд.

Познат како Џејмс Бонд и ѕвездата на филмот „Мама миа!“, Броснан беше обвинет за „шетање во термална зона“ и „загрозување на затворена област“ откако тој наводно влегол во забранета зона на паркот на први ноември.

Тој се уште не се огласил на оваа тема.

Сослушувањето е закажано за 23 јануари во Вајоминг.

Доколку биде прогласен за виновен, актерот може да биде осуден на до шест месеци затвор и да се соочи со парична казна до 5.000 долари, пишува „Дејли мејл“.

Слични содржини