Писарев: Не протестираат возачи, туку нивните автобуси – настапуваат од позиција „имам автобус, блокирам, што ве вртам“

од Vladimir Zorba
316 прегледи

„Правото на протест е уставно загарантирано право кое секогаш сум го поддржувал и ќе го поддржувам. Но сепак се повеќе се прашувам дали приватните превозници го злоупотребуваат правото на протест. Но!“, пишува на својот Фејсбук профил Никола Писарев од „Центарот за современа уметност“

1. Не протестираат возачите и персоналот туку нивните автобуси! Прееска поминав по илинденска и има 100 автобуси и двајца без тројца луѓе. Тоа е настапување од позиција на сила имам аутобус блокирам што ве вртам. Ај да ги видам нека остаат автобусите нека протестираат лично со транспаренти со шатори со глад ако треба и така нека блокираат град … пошто има и други групи во општеството побројни од 200те Сталинисти кои што исто така имаат за што да протестираат (дури и многуи по легитинмо) ама немаат 200 автобуси камиони или бродови за да го блокираат градот или државата а сепак и протестираат и успеваат да најдат решение за нивните проблеми.

2. Ако сакаат да покажат нешто креативно со автобусите нека ги наредат од сите страни на управата и канцеариите на Град скопје да неможе жилет да помине и така нека ги блокираат.

3. Нека се договорат со Ленин, сталин и остали што сакаат – пари или договори пошто договори и ја не би им дал после сево ова – тука дури и данела ќе ја поддржам ако треба, ако се повикуваат (а ленин тоа цело време вика) дека дејност од посебен општествен интерес тогаш нека и се однесуваат така а не да протестираат со недели и го блокираат градот.

4. од 23 до 05 нека си ги тргнат настрана автобусите да може комуналец да го исчисти ѓубрето кое го прават преку ден а не им текнуе да зачистат.

5. нека сватат дека после еб.. нема каење и дека голем број скопјани ова ќе им го памтат и ќе ги стават на тивоко бојкот па да видам кого ќе возат, пишува тој.

Слични содржини