Писма кои што кријат тајни: За неколку месеци ќе биде откриен идентитетот на озлогласениот сериски убиец Зодијак?

од desk2
108 прегледи

 

Џозеф Џејмс Деангело беше уапсен минатата седмица, дури 40 години после неговото прво злосторство, а во 2016-та година ФБИ понуди награда од 50 илјади долари за информации кои што би можеле да доведат до негово апсење.

Американското правосудство и полициските инспектори минатата седмица докажаа дека правдата е бавна, но секогаш пристигнува. Деангело беше опишан како белец со руса коса, а од ФБИ соопштија дека успеале да дојдат до неговата ДНК, иако тој злосторствата ги направил речиси пред половина век.

 

Полицијата сега се надева дека со помош на истата технологија би можеле да го фатат и озлогласениот сериски убиец Зодијак.

Полицијата, имено, пред неколку месеци испратила две писма на Зодијак во приватна лабораторија и се надеваат дека ќе го пронајдат неговиот ДНК на поштенските марки и коверти. Тие се надеваат дека ДНК-та ќе биде позната за неколку седмици.


Да потсетиме, Зодијак е сериски убиец кој што убивал во северна Калифорнија во доцните 60-ти и почетоците на 70-тите години од минатиот век. Неговиот идентитет ниту денес не е познат, а иако полицијата има испрашано над 2,500 лица, случајот никогаш не е решен.

Постоеле силни сомненија за неколку лица, но форензиката во тоа време не била доволно силна за да понуди цврсти докази. Тој нападнал 8 лица, а 2 преживеале, иако се тврди дека Зодијак убил 37 лица. Се започнало во октомври 1966-та година во Риверсајд, а во следните години серискиот убиец испраќал разни повици и шифрирани пораки до полицијата.

Што се однесува до Деангело, станува збор за човек за кој што постои сомнение дека во 70-тите и 80-тите години од минатиот век извршил бројни убиства и силувања исто така во Калифорнија. Го нарекувале „Убиецот од Златната држава“, а се претпоставува дека извршил и над 100 грабежи.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2432&v=AeigE-sDyc0