Писонеро: ЕК не би се противела, доколку дојде до тоа земјите членки да одлучат само Албанија да започне преговори

од Nikola Popovski
305 прегледи

Ставот на Комисијата е дека и С. Македонија и Албанија се подготвени да започнат преговори, но дека одлуката ја носи Советот и дека она што го кажа еврокомесарот Оливер Вархеји за можното раздвојување, е една од опциите во теорија, изјавила денеска портпаролката на Европската Комисија за проширување, Ана Писонеро.

-Позицијата на Европската Комисија е многу јасна: сакаме да видиме Меѓувладини конференции со двете земји, двете ги исполнуваат условите за ова да се случи, но Советот треба да даде согласност за преговарачките рамки, таму се наоѓаме, рече Писонеро.

Доколку дојде до тоа земјите членки да одлучат дека само Албанија треба да започне преговори, Европската комисија не би се противела на овој став, објасни Писонеро, бидејќи земјата сега ги исполнува сите преостанати услови.

Премиерот Зоран Заев в понеделник ќе се сретне со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, со која се очекува да биде отворена оваа тема.

Слични содржини