Писонеро: Софија и Скопје да најдат заедничко прифатливо решение

од Nikola Popovski
394 прегледи

По неделните избори во Бугарија, портпаролката на Европската Комисија задолжена за проширувањето, Ана Писонеро, изјавила дека Брисел „ги охрабрува и Бугарија и С. Македонија да изнајдат заеднички прифатливо решение за тековните билатерални прашања”.

„Со нетрпение очекуваме да се одржи првата Меѓувладина конференција што е можно поскоро“, потенцирала таа за МИА, со што јасно нагласуваат не сакаат да влегуваат во детали околу политичката ситуација во Бугарија и се надеваат дека Скопје и Софија ќе постигнат компромис.

Централната изборна комисија на Бугарија ги објави резултатите од 100 отсто обработените гласачки ливчиња од парламентарните избори, што се одржаа во неделата.

Владејачката коалиција ГЕРБ-СДС предводена од премиерот на Бугарија Бојко Борисов доби 26,18% од гласовите, партијата на шоуменот и ТВ водител Слави Трифонов „Има таков народ” 17,66% од гласовите.

Опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП) на Корнелија Нинова доби 15,01%, Движењето за права и слободи 10,49%, „Демократска Бугарија – обединување” на поранешниот министер за правда Христов Иванов 9,45% и „Исправи се!Мафијата надвор!” на Маја Манолова трае 4,72%. За бугарската ВМРО-БНД гласаа 3,64%.

Слични содржини