Пит Бутиџиџ, новајлија во политиката, а веќе претендент за американски претседател

од Aleksandar Petrovski
321 прегледи

Меѓу претставниците на американските Демократи кои се натпреваруваат за местото кандидат за претседател на САД, посебно внимание на медиумите привлече 38-годишниот Пит Бутиџиџ, кој својата кампања ја гради на идејата за смена на генерациите во Белата куќа.

До отпочнувањето на својата кампања за претседателски кандидат , во јануари 2019 година, Бутиџиџ беше релативно непознат градоначалник во државата Индијана, во градот Саут Бенд, со малку над 100.000 жители, пренесе „Њујорк Тајмс“.

Образуван е на Харвард, потоа и на Оксфорд, благодарение на стипендија, за подоцна да работи како разузнавачки офицер во резервните сили на Морнарицата и како консултант во фирмата „Мекинси“ .

Бутиџиџ во политиката влегол во 2017 година кога неуспешно се кандидирал за местото претседател на Демократскиот национален комитет.

Како најмлад меѓу демократските кандидати за претседател на САД, ветува дека ќе изгради мост кон новата ера на американската политика. Се издвојува и како првиот кандидат кој се залага за зголемување на бројот на судии во Врховниот суд на САД, а се покажа и како еден од највештите собирачи на средства во кампањата.

Според пишувањето на „Њујорк тајмс“, тоа по што Бутиџиџ се разликува од другите кандидати во трката е тоа што е првиот кој отворено се декларира дека е геј, и исто така и првиот кој планира директно од позицијата градоначалник да се префрли во Белата куќа.

Бутиџиџ во 2018 година се венчал со својот партнер Чејстен Глезман, наставник од Мичиген, кој оттогаш станал  многу активен во неговата кампања, собирајќи средства и настапувајќи на настани ширум САД промовирајќи ја кандидатурата на својот партнер Бутиџиџ.

Слични содржини