Пит Дејвидсон одлучи да зборува за врската со пејачката: Ја потемни кожата, позираше за насловна и плукаше по мене

368 прегледи

Американскиот комичар Пит Дејвидсон светската слава ја стекна откако се вери со пејачката Ариана Гранде. Љубовта, сепак не траеше долго, а по раскинувањето меѓусебно се препукуваа преку социјалните мрежи и медиуми.

Иако на почетокот рекол дека нема да го коментира нивниот однос, Пит го смени своето мислење. Најави дека на Нетфликс ќе се прикажува неговиот комичарски настап под називот „Alive From New York“ и дека без грижа на совест ќе зборува за популарната пејачка.

Се започна откако Ариана на крајот на минатата година направи интервју за Вог и плукала по комичарот. Откри дека ѝ служел за тргање на негативните мисли и дека нивната врска била несериозна, но забавна.

– Можете ли да замислите јас да кажам нешто такво? Па мојата кариера веднаш би завршила. Да ја потемнев кожата, ‘скокнев’ на насловна на Вог и плукав по поранешната. Можете ли да замислите само да речев: Ми беше досадно па ја еб*в’ – рекол Пит.

Подоцна тој откри и дека се грижи дека неговите изјави би можеле да вознемират бројни фанови на Ариана.

– Мојот најголем страв е дека некој десетгодишник ќе ме погоди со нешто во глава, а последно нешто што ќе слушнам е ‘хаштаг откажан’ – рекол Дејвидсон и се пошегувал.

Слични содржини