Пита со сирење и спанаќ

од Stefanija Kuzmanovska
417 прегледи

Состојки:

(за 4 лица)

– 1 пакување кора за пита

– 500 гр спанаќ

– 500 гр свежо сирење

– 3 лажици павлака

– 3 јајца

– 150 мл млеко

– 3 лажици маслиново масло

– сол, бибер

Подготовка:

Спанаќот сварете го малку и добро исцедете го вишокот вода.

Во поголем сад измешајте ги свежото сирење, павлаката, јајцата и исцедениот спанаќ. Зачинете со сол и бибер, па добро измешајте ја смесата.

Во чаша измешајте го млекото со маслиновото масло. Тавата за печење подмачкајте ја со масло. Отворете ги корите и ставете ги по страните.

Земете две кори одеднаш. Со четка премачкајте ги со мешавина од млеко и маслиново масло, намачкајте ги со три лажици од смесата со сирење и спанаќ и свиткајте во ролна, па ставете ги во плех за печење.

Откако ќе ги намачкате и наредите сите кори, повторно премачкајте ги со смесата со млеко и масло. Во овој момент треба да искористите половина од смесата, а со другата половина ќе ја прелиете питата на крајот.

Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути, додека корите не поруменат. Извадете ја питата, покријте ја со остатокот од смесата со млеко и масло, вратете ја во рерна уште пет минути.

Топлата пита покријте ја со влажна крпа, почекајте малку да се излади, па послужете.

Слични содржини