Пита со спанаќ и сирење

од Stefanija Kuzmanovska
205 прегледи

Состојки:

– 300 гр спанаќ

– 4 јајца

– 1 главица кромид

– 1 чешне лук

– 200 мл млеко

– 250 гр сирење

– сол, бибер

– 50 мл масло

– 70 гр гриз

– 70 гр палента

– 100 гр сирење за посипување

Подготовка:

Подгответе подмачкан калап во кој ќе ја печете питата. Спанаќот ситно се сечка, па се додаваат сите останати состојки, и кромидот и лукот што поситно сецкани.

Добро измешајте, зачинете со сол и бибер, па истурете го тестото во калапот.

Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Наредете го издробеното сирење врз питата и печете 30 до 35 минути.

Слични содржини