611
Ако сте љубители на сирење, еве еден рецепт за вас!
СОСТОЈКИ:
тесто за пица
кечап
100 гр гауда кашкавал
100 гр моцарела
50 гр пармезан
30 гр горгонзола
сушени домати во сончогледово масло или свежи шери домати
оригано
маслинки
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Тестото премачкајте го со кечап и почнете со редење на сирењата по следниот ред: горгонзола, половина моцарела, гауда, пармезан, останатата половина моцарела. Преку наредете домати, посипете со оригано и печете во рерна на 200 степени.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог: