Една необична пица.

Состојки за тесто:
400 грама брашно
20 грама свеж квасец
50 мл млака вода
50 мл кисела вода
50 мл пиво
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
Состојки:
1 конзерва туна
100 гр растителен кашкавал
кечап по потреба
оригано по желба
Подготовка:
Издробете го квасецот, додадете лажичка шеќер и две лажички брашно и растворете во 50 ml млака вода. Брашното ставете го во садот за мешање и додадете сол. Напревете вдлабнатина во брашното, додадете го надојдениот квасец , а потоа другите состојки за тестото, пивото и киселата вода. Замесете мазно тесто и оставете го да нарасне. Премесете го нараснатото тесто и со помош на сукало направете голема кора. Премачкајте ја со кечап, зачинете со оригано, а потоа распределете ги парчињата туна заедно со кашкавалот. Целата посипете ја со рендан кашкавал, ставете малку масло и печете во загреана рерна на 200 C, околу половина час.