„Барањето за промена на име на држава е сериозна работа, а ЕУ треба да го исполни ветувањето“, смета европратеникот Тонино Пицула за евроинтеграциите на нашата земја.
Според него, наместо било какви нон-пејпери нас ни треба пејпер и реална политика.
„Реалната политика во овој случај е дека земјата која навистина ги исполнила сите критериуми кои не се стандардни затоа што да барате од некој да го промени името е многу сериозно. Ова не е како да барате промена на некој закон за екологија и ако сака да биде некоја геополитичка комисија или да биде геополитички влијателна Европска Унија, тогаш нека го докаже тоа во своето прво соседство. Западниот Балкан не е оддалечен, тој е првиот сосед на Европската Унија и еве можност до крајот на оваа година таа несреќна, јас би рекол помалку и срамна епизода да се стави ад акта“, изјави Пицула во емисијата „Клик плус“.