Пивото го подига расположението поради хордеинот, не поради алкохолот

од desk2
94 прегледи

Со оглед на тоа дека одредена храна не прави посреќни, германските научници од Универзитетот Фридрих Александер Ерланген во Нирнберг, испитувале што е најзаслужно за подигнување на расположението. Така, откриле дека пивото не прави посреќни поради хордеинот што го содржи, а кој ги активира клучните допамински рецептори.


Научниците ја поставиле базата на податоци од 13.000 молекули присутни во прехрамбените производи. Користејќи ја базата на податоци, имаче за цел да пронајдат молекули кои ги стимулираат таканаречените допамински рецептори Д2 во мозокот. Од првобитните 13.000 избрале 17 можни опции. Понатаму истражувањето покаѓало дека хордеинот, материја која е присутна во јачменот од пивото, е најодговорен за подигање на расположението на начин што го активира клучниот допамински рецептор.

„На основа на неговата присутност во пивото, може да заклучиме дека хордеинот значително придонесува на ефектите од пивото за поправање на расположението“, вели Моника Пишетсридер, авторка на студијата.
Научниците сега истражуваат колку хордеин е присутен во пивото и колку хордеин доаѓа до мозокот.

Пишетсридер објасни дека на добро расположение во главно влијае комбиација од супстанци и наведува дека на пример кај конзумирање чипс, расположението го потреваат маснотиите и јагленохидратите.
Студијата е објавена во научното списание Scientific Reports.