Од што се прави пиво? Хмељот е главен одговорен за неговиот вкус, но главната
состојка во него е јачмен. Сепак, житните култури се загрозени од зголемувањето на температурите и пролонгираните суши низ целиот свет.

Намалената жетва веднаш влијае на цените на суровината, како и на неговите деривати. Како пивото, на пример.
Тоа ќе ја зголеми цената за 15% во случај на суша и низок принос на јачмен. Неговата потрошувачка во светот ќе падне за 4%, па дури и во земји со слава на шампиони во пиво како Чешка, Белгија и Германија.

“Многу малку од поседите јачмен се одгледува за пиво – околу 17%. Останатите се одгледуваат за сточна храна”, вели професорот по економија на климатските промени во Универзитетот на Нова Англија Дабо Гуан. Тој додава дека ефектот од климатските промени ќе влијае на диетата претежно на сиромашните држави, каде околу половина милион луѓе ќе загинат до 2050
година. Во развиените општества ќе станува збор повеќе за социјален проблем и развој на црниот пазар.
