Пјонгјанг: САД создаваат „азиски НАТО“

од Vladimir Zorba
50 прегледи

Северна Кореја денеска ги обвини САД дека создаваат „азиско НАТО“ со одржување на заеднички вежби со Јужна Кореја и Јапонија.

Јапонија, САД и Јужна Кореја ги оправдуваат своите воени вежби со напорите за стабилизирање на безбедносната ситуација во регионот, а самите тие де факто создадоа воен блок сличен на „азиски НАТО“, кој во секој момент може да влезе во конфликт на наредби на Вашингтон, објави Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, пренесе Гардијан.

Севернокорејското министерство соопшти и дека по трилатералниот самит на САД, Јапонија и Јужна Кореја во август минатата година, овие земји се договориле во случај на закана против некоја од нив веднаш да соработуваат за заеднички одговор.

Слични содржини