Севернокорејските високи функционери користат технологија од американските компании Apple и Microsoft објави од Ен-Ен. Телевизијата ја цитираше истражувачката компанија Recorded Future.
Специјалистите на Recorded Future проучувале како жителите на Северна Кореја го користат интернетот. Во извештајот се наведува дека успеале да утврдат “доминантен број на американско опрема и софтвер”, користени од вишите севернокорејски лидери.
Забележано е дека само претставници на владејачката елита, партијата или војската, како и членовите на нивните семејства, можат да поседуваат компјутери и да влезат на Интернет.
Истражувачите истакнуваат дека во рацете на лидерите на Северна Кореја има телефони како iPhone 4S, но и iPhone X. Компјутерите им работат под Windows седум или десет.
Американските компании не го коментираат извештајот.