План за реформи на правосудството во Македонија: Одговор на препораките од Брисел?

од Илинка Илиоска
150 прегледи

Во рамките на реформската агенда на Северна Македонија, за која Европската Комисија даде зелено светло, се планира нов закон за Судскиот совет кој треба да биде усвоен до јуни 2025 година, наместо негово целосно распуштање. Владата се обврзува пред Брисел дека реформите ќе бидат во согласност со мислењето на Венецијанската комисија од септември 2023 година и препораките на ЕУ мисијата за оценка од декември минатата година.

Во Извештајот на ЕК за реформската агенда за Северна Македонија, се нагласува важноста на консолидирањето на независен Судски совет преку усвојување нов закон. Реформите за борба против корупцијата се оценети како соодветни и амбициозни, насочени кон подобрување на истрагите, кривичните постапки, пресудите и конфискациите, со цел елиминирање на законодавните и регулаторни пречки и усогласување со европските стандарди.

Иако распуштањето на Судскиот совет не се споменува директно во агендата, Владата претходно го најавуваше како една од клучните правосудни реформи. На прашањето за развојот на оваа иницијатива, одговорија дека се фокусирани на целосна трансформација на судските органи во ефикасни институции и повикаа на инклузивност во процесот.

„Повикавме на дискусија и вклучување на сите заинтересирани страни, но засега немаме постигнато таа состојба,“ велат од Владата. „Остануваме посветени на решенија кои ќе бидат темел на нормално демократско општество.“

Во извештајот на Европската Комисија, исто така, се пофалува враќањето на делата злоупотреба на службена должност и злосторничко здружение во новиот Кривичен законик, откако тие беа отстранети минатата година. Во агендата се вклучени и законски измени за подобрување на ефикасноста на јавните обвинители во земјата.

Слични содржини