Планинарка од Украина заталкала на Попова Шапка, пронајдена и безбедно вратена кај пријателите

од desk2
91 прегледи

Вчера околу 18,30 часот, во непосредна близина на месноста „Шипковачки бачила“, под Попова Шапка, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово ја пронашле и и пружиле помош на украинската државјанка Ф.О.( 21 ), која заталкала симнувајќи се низ шумскиот предел „Сидол“.

Ф.О. кампувала во близина заедно со Ј.М.(27) од Германија и Р.Ц.(20) од Израeл.

Тројцата, потоа продолжиле со кампувањето.