Делови од Аеродром, Карпош и Илинден утре ќе бидат без електрична енергија поради најавени технички зафати на електродистрибутивната мрежа.
Според информациите, од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе останат дел од потрошувачите на улицата „Струма“ во општина Карпош, како и корисници на булеварот „Јане Сандански“ број 30 во општина Аеродром.
Од Центар за управување со кризи информираат дека подолг прекин е планиран и во општина Илинден, каде што дел од корисниците на улиците 8 и 11 во Белимбегово ќе останат без електрична енергија во периодот од 8:30 до 13:30 часот.
Надлежните апелираат граѓаните навреме да ги приспособат своите обврски кон најавените прекини.