Планот на Анчелоти против Барселона

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти веќе има идеја како да се справи со Барселона на претстојното дерби во Ла Лига на „Бернабеу“ утре вечер. Генерално, планот на Италијанецот е да ја искористи високата одбранбена линија на противникот, потпирајќи се на молскавични напади на брзите Килијан Мбапе и Винисиус Јуниор, тврди „Ас“. Шампионите се подготвени да му ја дадат иницијативата и поседот на топката на противникот, чекајќи го својот момент.

Слично, во јануари „белите“ го совладаа својот голем ривал со 4:1 во финалето на шпанскиот Суперкуп одигран во Саудиска Арабија. Со два гола до десеттата минута тогаш мадриѓани поведоа и на крајот триумфираа.

Под водство на Чави, Барса постапуваше на сличен начин, но тоа беше засилено под водство на новиот тренер Ханзи Флик. Сепак, ова е тактика на повеќето водечки клубови во светскиот фудбал, кои се потпираат на висок пресинг.

„Ас“ тврди дека сигурен стартер за Реал ќе биде Лука Модриќ, кој ќе има задача со своите точни додавања да ги извади напред Мбапе и Винисиус. Џуд Белингам и Федерико Валверде исто така ќе бидат во стартните 11. Останува да се види дали четвртиот играч од средниот ред ќе биде Едуардо Камавинга или Аурелиан Чуамени, со поверојатно е дека вториот ќе надвладее.

Во одбрана треба да бидат Лукас Васкез, Едер Милитао, Антонио Рудигер и Ферланд Менди, а на голот јасно е дека тоа ќе биде Андриј Лунин откако Тибо Куртоа се повреди.

Слични содржини