Планот на Трамп за „Блискоисточна ривиера“ повторно во игра? САД и Израел планираат преселување на Палестинците во Африка

од Љубиша Владимиров
32 прегледи

Арапските лидери претходно овој месец го усвоија египетскиот план за реконструкција на Појасот Газа, вреден 53 милијарди долари, кој има за цел да ја спречи присилната дислокација на палестинското население од енклавата.

Во исто време, Асошиејтед прес (АП) објави дека Соединетите Американски Држави и Израел стапиле во контакт со официјални лица од неколку источноафрикански земји, со цел да ја искористат нивната територија за можно преселување на Палестинците од Газа. Според изворите, разговори биле водени со власти во Судан, Сомалија и отцепениот регион Сомалиленд. Судан официјално го отфрлил предлогот, додека претставници од Сомалија и Сомалиленд негираат дека биле контактирани.

Овој обид на Вашингтон и Тел Авив доаѓа во контекст на визијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за таканаречената „Блискоисточна ривиера“, што вклучуваше американско преземање на Газа за реконструкција. Планот наиде на широко меѓународно отфрлање, заради стравувањата на Палестинците дека станува збор за обид за нивно трајно иселување.

Слични содржини