„Епл“ официјално потврди дека iOS 12 веќе е достапна за симнување од корисниците. Новата платформа нуди голем број на корисни функции и го скратува за половина времето за полнење на апликации. Компанијата ветува за 70 отсто побрзо стартување на камерата и опипливо повисоки перформанси, особено на постарите смартфони. iOS 12 е компатибилен со сите уреди кои добиле надградба до iOS 11, вклучувајќи iPhone 5s, iPad mini 2, iPad Air и шестата генерација на музичките плеери iPod touch. 
За да започнете со инсталацијата отворете го менито „Settings“ и кликнете потоа на „General“ и „Software Update“. Софтверските оптимизации на Епл се грижат за оптимални перформанси, дури и при максимално оптоварување на системските ресурси. iOS 12 нуди пристап до најдобрата верзија на Siri досега, како и атрактивната функција „Shortcuts“ која овозможува да користите персонализирани барања, при работата со услугата. Системот за известување е исто така променет.
Платформата користи софистицирани навигациски алгоритми во апликацијата „Maps“, која попрецизно ги прикажува различните објекти на мапата. Секој корисник може да следи колку време поминува пред екранот за паметните телефони и да создаде временски ограничувања за апликациите на „Screen Time“. Откако ќе инсталирате iOS 12, ќе забележите разни промени во интерфејсот и како работат „iBooks“, „Stocks“, „Voice Memos“ и „Apple News“. Исто така постои опција да се направат групни разговори во „FaceTime“ со до 32 луѓе, но тоа ќе биде достапно во подоцнежна фаза.