За страшниот чин во загрепското училиште на отворањето на Владата зборуваше и премиерот Андреј Пленковиќ.
„Ние, како и целата хрватска јавност, сме ужаснати од оваа голема трагедија што се случи утринава во основното училиште „Пречко“ во Загреб. Таму моментално се министерот Божиновиќ и министерот Фукс. Тие како и полицијата и сите други служби се обидуваат да утврдат што токму се случило во овој голем инцидент, засега имаме информации дека на неколку ученици им е укажана помош поради повреди во болниците во Загреб, во Виноградска и Свети Дух и во Клаиќева“, рече Пленковиќ.
Тој рече дека министерот Хрстиќ ќе ја напушти седницата за да види каква е состојбата со повредените.
„Штом ќе имаме повеќе информации, секако дека јавноста ќе биде информирана за тоа. Изразуваме жалење и сочувство до семејствата на повредените деца во основното училиште во Пречко. Кога ќе имаме повеќе информации, секако дека ќе имаме соопштение“, рече Пленковиќ.
За потсетување, хрватските медиуми јавуваат дека во нападот загинало најмалку едно лице.
Седум лица наводно биле ранети, од кои пет деца.