Плевнелиев: Да бев на местото на Радев ќе прифатев промена на македонскиот Устав за крај на преговорите

од Nikola Popovski
273 прегледи

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев не очекува бугарското вето за Северна Македонија да биде кренато во јуни.

-Не сум сигурен за јуни. Видовме само пред два дена како Европскиот парламент се обрати со повикување до С. Македонија и Бугарија за историско помирување врз основа на споделената историја и Договорот за добрососедство. Тоа е решението. Тоа повикување на ЕП е навистина важно. За жал, забележувам грешки и на двете страни на границата, што не ме прави оптимист дека можеме да имаме решение во јуни. Го кажувам тоа со голема доза на жалење,бидејќи сметам дека одамна можеше да се најде решение, како што го направија тоа нашите грчки соседи, вели Плевнелиев во интервју за ТВ 24.

Тој кажа свој предлог околу евентуална деблокада.

-Јас да бев на местото на Румен Радев ќе прифатев промена на македонскиот Устав за крај на преговорите, но со гаранции дека тоа ќе се случи, додал Плевнелиев.

Слични содржини