Чест е за сите генерации бугарски политичари и за денешните политичари да можат да ја одржат оваа позиција во однос на Македонија. Зад оваа позиција стои бугарското општество. Обединети сме во фактот дека вистината за историјата, историските манипулации, европските вредности мора да бидат во срцето на решението и само тогаш тоа ќе биде одржливо, вели поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев во интервју за БГНЕС.
Според него, единствено што треба да направат бугарските политичари е да ја подобрат комуникацијата со глобалните сили и Европската комисија за да може решението да биде јасно.
„Им се обраќам на нашите пријатели во Скопје, лидерите и општеството во РС Македонија, дека НАТО е геополитика, а ЕУ е вредности. Токму затоа што НАТО е геополитика, Бугарија безусловно го поддржа РСМ за членство во оваа најсилна одбранбена алијанса на демократии. Токму затоа што ЕУ е унија на вредности, Бугарија овде има целосно право да укаже на проблемите со почитувањето на европските вредности и да каже дека единственото можно решение за спорот меѓу Софија и Скопје е решение кое се заснова на европските вредности. Друго решение не може да има“, категоричен е претседателот Плевнелиев.
Тој ги советуваше македонските власти да не притискаат и лобираат, бидејќи ништо нема да се случи.
„Тоа ќе се случи со реформи кои докажуваат дека европските вредности се во служба и се спроведуваат од општеството и власта во РСМ. Европските вредности се вградени во копенхашките критериуми. Имаме проблем со овие вредности. И овде Бугарија е адвокат и бранител на овие европски вредности. Сакаме да им помогнеме на властите во Скопје да го сфатат проблемот. Одлуките не се тешки. Мора да го правите тоа што го направивте во Албанија. Ако го направите тоа, нема кој да ве спречи на патот на европската интеграција “, рече Плевнелиев.
Тој се обрати до владата и општеството во нашата земја:
„Драги пријатели и власти во Скопје, правете го тоа што го прави Албанија и нема кој да ве спречи. На децата од Македонија им ги должите одговорите за историјата, за комунистичкиот режим, за идеологијата, за учебниците што се европски. Започнете со реформите. Ова ќе ви се исплати, не само затоа што нема кој да ве спречи, туку затоа што многу побрзо ќе напредувате во евроинтеграциите. Оние што се вооружуваат со европските вредности брзо напредуваат. Ова е нашиот совет до вас и ние сме подготвени да ви помогнеме“, рече поранешниот претседател на Бугарија.