Плевнелиев: Србија нема да дозволи С. Македонија да влезе во ЕУ пред неа

од Nikola Popovski
366 прегледи

Србија ќе направи се што е можно за да го спречи преговарачкиот процес за влез на Република Северна Македонија во Европската Унија пред таа самата да влезе. Гледаме дека самата Србија се уште се ниша меѓу орбитата на Русија и Европа, изјавил поранешниот бугарски претседател, Росен Плевнелиев во емисија на БТВ.

Според него, владата во Македонија виси на конец и нејзината ситуација не е воопшто лесна.

-Затоа бугарската позиција треба да биде помагање на европската интеграција на својот сосед. Мораме да имаме многу избалансирана политика, ние самите во Бугарија мора да внимаваме да не вршиме провокации. Мора да се однесуваме како возрасни, мора да знаеме дека е тешка битка да се откажеш од фашистичкото Титово сталинистичко минато. За жал, денешните елити во Северна Македонија се уште страдаат од ова, потенцирал тој.

Плевнелиев беше претседател на Бугарија од 2012 до 2017 година.

Слични содржини