Пломп: Менувајте го менталитетот

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Амбасадорската тројка Бејли, Герет и Пломп, се вкјлучија во еко акцијата на кејот на Вардар Исчисти-Твитни. Имаа полни раце работа. Тие самоиницијативно се пријавиле да учествуваат во еколошкиот проект. Оваа акција трета година по ред ја организира амбасадата на кралството Холандија заедно со компаниите „Пивара и пакомак“.

Холандскиот амбасадор, Волтер Пломп, трета година по ред иницира ваква акција на разни локации во Скопје.

„Главната порака е дека има потреба за промена на менталитетот. Најважната порака е дека има многу отпад на многу места, за што сите треба да делиме одговорност. Но, на крајот најважно е дека властите можат да преземат повеќе чекори и да постават повеќе контејнери за отпад. Компаниите можат да направат повеќе во насока на спречување на создавање отпад, додека пак, луѓето можат да придонесат со тоа што нема да фрлаат отпад насекаде“, вели Пломп.

„Чувствувам дека тоа е порака и до мене како градоначалник и до вработените во ЈП „Комунална хигиена“, но и до сите нас коишто сме граѓани на Скопје, бидејќи отпадот го создаваат луѓето“ – изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Фотографија: МЕТА