По 100-ти пат да објасниме дека нема да има мигранти од Велика Британија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на Мицкоски ја обвинува СДСМ дека е „куче што лае, ама не каса“

од Nikola Popovski
16 прегледи Фото: Локално

ВМРО-ДПМНЕ утрово повторно демантира дека во Македонија ќе се градат мигрантски кампови или центри за прифаќање на бегалци. Ја обвинуваат СДСМ за темата која се врти во јавноста во последните неколку дена. Реагираат дека СДСМ се однесува како „куче што лае, ама не каса“.

„Партијата СДС, која е синоним за криминал и корупција, луѓето кои ја уништија државата како Заев, Филипче, Ковачевски, Николовски и многу дrуги да не ги набројуваме ќе ни треба цел ден, истиве преку пресови и соопштенија секојдневно вртат една иста тема, колку да кажат нешто.

Па еве по 100-ти пат да им објасниме.  Мигранти од Велика Британија нема да има.

Томовски нема приватна фирма, ниту пак удел во таа која ја споменуваат.  Им порачуваме на СДС доколку имаат доказ (а немаат никаков бидејќи нема криминал), нека се обратат кај своите обвинители и судии како Кацарска, како Коцевски, како Дамева, и нека гонат како што гонеа 7 години додека беа на власт. Ама бидејќи и тие се свесни дека нема за што да се гони, растураат пердуви во јавноста и после зошто народот не им верувал“, стои во соопштението од партијата на Христијан Мицкоски.

„Откако британските медиуми објавија нови информации со прецизни детали дека се договорени 20 илјади фунти по мигрант и дека Македонија е прва држава која се согласила на ваков договор имаме прашање до ВМРО-ДПМНЕ: дали британските медиуми лажат“. Ова е прашањето што СДСМ го упати денеска до ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини