263
Грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“ соопшти дека по 11 месеци прекин поради пандемијата, од 15 февруари повторно ќе се вратат летовите меѓу Атина и Скопје.
Ова е наведено во претставувањето на плановите за обнова на линиите со одредени земји од поранешна Југославија.
Превозникот таму планира да ги врати летовите меѓу Атина и Скопје во следните 10 денови, а ќе се лета два пати неделно со авион од типот „АТР42“.