На Советот за безбедност на ООН, Русија и Кина ставија вето на резолуцијата за примирје во сириската провинција Идлиб, јави Дојче веле.
Документот беше поднесен од Германија, Белгија и Кувајт . На гласањето, тој беше поддржан од 12 земји, a една воздржана – Екваторска Гвинеја.
Ова е 13-то вето на Русија за резолуција за сирискиот конфликт.
Руско-кинеската верзија, исто така, официјално повикува на прекин на непријателствата, но режимот на прекин на огнот не треба да се однесува на воени операции против „групи и лица поврзани со терористички сили“ . Дамаск и Москва ги идентификуваат сите опозициски сили во Сирија како терористички.