По четиринаесет години успешно работење на Балканот, регионалниот телевизиски проект „Ал Џезира Балканс“ се затвора, пренесе „Кликс“.
Тоа е филијала на катарскиот медиумски концерн, кој со голем успех работи на Балканот, со седиште во Сараево од 2011 година. „Ал Џезира Балканс“ го покриваше регионалниот пазар со канцеларии во Скопјe, Белград, Загреб, Подгорица, Љубљана и Приштина.
Во изминатите 14 години, „Ал Џезира Балканс“ е особено препознатлива по својата оригинална содржина поврзана со документарниот сегмент, но и со голем број други проекти. Таа е првата телевизиска станица што емитува програма на јазик различен од арапскиот и англискиот.
Причините за затворањето сè уште не се објавени, но се претпоставува дека станува збор за деловна одлука на Доха поради финансиски причини.