По 18 години, утре за правпат увид на сликите кои ги красеа sидовите од Владата, а сега ги нема

од desk3
85 прегледи

Утре за првпат  по 18 години Националната галерија на Македонија ќе направи попис на сликите кои и беа отстапени на Владата.

До Владата стигнало допис од Нацоналната Галерија за попис на 26 врвни умтенички дела кои биле симнати до sидовите на Владата при реновирањето и однесени во депоата, без да се знае каде точно, објави Телма. Едно дело од познатиот македонски ликовен уметник Петар Мазев исчезнало во 2014 година.

До сега на  Националната галерија на Македонија не и било дадено да направи попис. Од таму велат дека 40% од отстапените дела се од прва категорија и поради тоа се обврзани да ја следат нивната состојба. Увид во состојбата на делата најави и Министерството за култура.