По 20 години непреземање ништо, во време на СДСМ се расчистува случајот Онкологија, порачаа од владеачката партија

од Nikola Popovski
183 прегледи

После 20 годии шепотење и непреземање ништо надлежни институции го отворија и го расчистуваат случајот Онкологија токму во време на СДСМ. Лагите на ДПМНЕ не значат ништо, вистината е поразителна за оваа лажна партија која едно зборува друго прави, порачаа од СДСМ.

Според партијата, граѓаните знаат дека лагите на ДПМНЕ се потврдија и преку собраниската Анкетна комисија.

-Јавноста виде дека на ДПМНЕ воопшто не им била важна вистината, не биле важни пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат. Два месеци ДПМНЕ ја злоупотребува работата на комисијата а со тоа ги злоупотребуваа пациентите, граѓаните и македонското собрание.

Се викаа сведоци, се трошеа пари на граѓаните, се сееше лаги и на крај, ДПМНЕ побегна од комисијата, со денови не се свикуваа седница и не се усвои никаков заклучок, работата на комисија пропадна, стои во партиското соопштение.

Обвинителството отвори истрага против петмина вработени на скопска Онкологија. Од нив двајца се поранешни директори, медицински и организациски, а опфатени се и тројца лекари. Екс-директорот Нино Васев е осомничен дека склучил 7 незаконски договори за купување на лекови без согласност од ФЗОМ.

Засега не е потврдено дека онколошката терапија се препродавала на црниот пазар во Косово и во Албанија, но истрагата е отворена за да се утврдат сите факти. Министерот за здравство Меџити вели – немал сознанија што се случува, но ќе соработува со истражителите.

Слични содржини