393
Градежните работи за проширување на булеварот АСНОМ во општина Аеродром се во завршна фаза.
Екипите на Град Скопје деновиве вршат финално асфалтирање на проширениот булевар на потегот од крстосницата со булевар Србија до крстосницата со улицата Васко Карангелевски.
Новиот булевар добива по 3 коловозни ленти во двете насоки, средишно зеленило, пешачки и велосипедски патеки.