„По 30 години, Скопје има жена градоначалник“: Арсовска го победи Шилегов 

од Берта Китинска
547 прегледи

Државната изборна комисија вчеравечер ги соопшти првите неофицијални резултати во вториот круг на Локалните избори. Претседателот на ДИК Александар Даштевски рече дека е задоволен од спроведените избори, а потоа ги соопшти неофицијалните првични резултати.

Први ги соопшти резултатите за град Скопје и кажа дека Петре Шилегов има 41,10 отсто, а Данела Арсовска 55,4 отсто од гласовите.

Арсовска изрази благодарност до сите

Во оваа кампања, противник не ми беше само градоначалникот Шилегов, туку и премиерот во заминување, изјави новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска на прес-конференција.

Таа изрази благодарност до сите за поддршката.

-Продолжуваме достојно и после црната кампања против мене. Вечерва славиме, а од утре почнуваме со работа и реализација на проектите уште во првите 82 дена. После 30 години, Скопје има жена градоначалник. Ви благодарам од се срце, рече Арсовска.

Според неа, разликата со Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ, е повеќе од 20 000 гласови.

Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕсо зурли, тапани и факли се прослaвува победата во Скопје.Симпатизерите на партијата скандираат: „Цело Скопје вмровски град.“

Шилегов  ѝ честиташе на победата

Петре Шилегов, на својата вечерашна прес конференција ѝ честиташе на противкандидатката, Данела Арсовска и се заблагодари на целиот тим што работел со него во изминатите четири години.

-Дозволете ми најпрво да ви честитам на изборот, да и честитам на г-ѓа Арсовска. Благодарност за сите граѓани и активисти кои дадоа поддршка. Благодарност на моето семејство, за екипата со која оставивме неизбришливи траги. Булевари, мостови, улици е нешто што ќе остане засекогаш.Нема да дзволиме силување на градот како што беше во минатото на крајот на мандатот успеав Скопје кое го свртевме во обратен правец од кој нема враќање назад, кажа Шилегов.

Според последните резултати Град Скопје – Шилегов (СДСМ) 78.664, Арсовска (нез.кандидат) 106.021 (89,5 % обработени).

Официјалните резултати ќе ги има денеска попладне.