По 35 години забрана прикажан е првиот комерцијален филм во Саудиска Арабија

од desk2
87 прегледи

По 35 години забрана за прикажување филмови во комерцијални кино-сали, публиката во Саудиска Арабија имаше прилика прв пат да ужива во филмовите “The Emoji Movie” и “Captain Underpants: The First Epic Movie” прикажани во градот Џеди.

Овие анимирани филмови можеби не се анајистакнати во 2017 година, но нивното прикажување е од големо значење за Саудиска Арабија кој во последните месеци поминува низ низа реформи кои имаат за цел да го модернизираат кралството.

Покрај укинување на забраната за комерцијални кина, укинати се и други ултраконзервативни забрани кои ги раздвојуваа мажите и жените. Така, неодамна беше дозволено присуство на жени на фудбалски натрпевари и беше одржан првиот концерт на жена изведувач во историјата.

Сепак, анимираниот филм”The Emoji Movie” прикажан е во државниот културен центар затоа што се уште нема кино-сали во Џеди, како ни во другите градови.

„Се обидовме да ги користиме овие филмови како наша почетна точка“, вели организаторот на настанот Махмуд Салим.

Саудиската влада очекува отворање на 300 кино-сали во оваа земјадо 2030 година. Отворање на првите кино-сали се очекува во март годинава.

Кабелската телевизија исто така одобрила гледање филмови, а дозволено е и преземање од интернет. Министерството за култура објави дека филмовите ќе бидат подложени на цензура.

Зад укинувањето на конзервативниоте забрани и модернизација на земјата стои принцот Мохамед бин Салман.