По 5 години смартфонот ќе чита мисли

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Можете ли да замислите како по 5 години вашиот смартфон нема само да ви служи за комуникација и контакт со другите луѓе, но и ќе може да ги чита вашите мисли ?

Слична идеја изгледа како извадена од некој научно-фантастичен филм, но наскоро може да стане реалност, а заслугата е на истражувачите од јапонскиот технолошки универзитет Тајохаши. Тие имаат развиено систем кој може да го  земе предвид и се  потпира на мозочните бранови на луѓето. Последните претставуваат модели на електрична активност преку која можат да ја  вршат својата работа. При тестирање на технологијата, учесниците требаше да имаат  произволни броеви. Во исто време робот требало да го погоди  нивниот избор, користејќи електроенцефалограма (EEG).

Системот успеал да познае со 90% точност броевит од 0 до 9, како и да дешифрира одделни слогови на јапонски со 61% точност. Експертите сметаат дека технологијата ќе може беспрекорно да биде интегриран во различни мобилни уреди. Тие се надеваат дека  тоа се може да започне со создавањето на апликации за смартфони, и  може да се случи во текот на следните 5 години.